Поврзете се со нас

Германија

Матеус за првата контроверзна одлука на Нагелсман: Баерн загуби уникатно богатство!

Објавено

на

Лотар Матеус беше првиот човек кој пред сите го најави пристигнувањето на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен, уште пред Ханси Флик да излезе со официјална изјава во јавноста дека сака да се повлече од тренерската функција по крајот на сезоната.

Најавите на легендарниот Лотар многу брзо се обвиситинија иако самиот Нагелсман во прв момент демантираше такво сценарио, па сега кога веќе нема никакви дилеми дека Јулијан ќе биде нов предводник на баварскиот великан, тој почна да ги повлекува и првите потези како нов тренер на Баерн Минхен.

Сепак, првиот потег кој го повлече разлути голем дел од фановите на шесткратниот европски првак, бидејќи Нагелсман му ја покажа излезната врата на човекот кој цели 25 години извршуваше исклучително добра работа во клубот. Легендарниот Херман Герланд си заминува од клубот откако добил известување дека нема да биде дел од плановите на новиот тренер, што значи дека 66-годишниот фудбалски работник си оди една година пред истекот на договорот.

Нагелсман пристигна во Баерн и го избрка легендарниот помошник кој мина 25 години во клубот

Герланд има неверојатни успеси како тренер на младинските тимови во Баерн и тој промовираше имиња како Лам, Швајнштајгер, Алаба и Милер, а од 2009-та година беше составен дел од сите стручни штабови во првиот тим. Герланд беше асистент на Ван Гал, Јуп Хајнкес, Пеп Гвардиола, Нико Ковач и Ханси Флик, но Нагелсман процени дека Херман не му е потребен.

– Сето ова е резултат на големата промена која полека настанува во Баерн. Румениге се повлекува од извршната функција по крајот на сезоната и полека му го препушта престолот на Оливер Кан. Без оглед на се, тоа што го направи Герланд е уникатно. Сите тренери имаа корис од него, Херман направи многу повеќе за клубот од оние што повеќе добиваа внимание во јавноста. Сите тренери се радуваа со него, без разлика дали станува збор за Ван Гал, Гвардиола или Хајнкес.

– Тој е уникатен, тоа што го правеше изминатите години нема цена. Има цена и вредност како малкумина во клубот, Баерн губи уникатно богатство. На Нагелсман нема да му биде лесно без Герланд, ќе видиме од што е направен. Сега треба да докаже дека неговиот стручен штаб е направен од силен материјал, – потенцира Матеус во својата последна колумна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни