Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман пристигна во Баерн и го избрка легендарниот помошник кој мина 25 години во клубот

Објавено

на

Пристигнувањето на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен преидзвика земојтрес во стручниот штаб на германскиот првак, бидејќи аквизицијата на досегашниот тренер на Ред Бул Лајпциг донесе заминувавање на уште една, или поточно трета легенда на клубот.

Ханси Флик беше единствениот кој самостојно реши да го напушти кормилото и да си замине од Баерн Минхен, но по Мирослав Клосе кој изјави дека си оди по крајот на сезоната, во новата кампања ќе нема место и за легендарниот фудбалски работник кој цели 25 години работи во клубот.

Херман Герланд беше еден од асистентите на Ханси Флик во изминатиов период и редовен дел од стручниот штаб во првиот тим на Баерн од ерата на Луи Ван Гал, но после долги години работа во најсилниот тим и во младинските категории, добил известување дека нема да има место за него во планот на новиот тренер.

Нагелсман му соопштил на раководството дека нема да смета на искусниот 66-годишен Герланд кој како тренер на младинската школа промовираше играчи како Лам, Швајнштајгер, Алаба и Милер, па сега и самиот тој потеврди дека си заминува од клубот откако мина четврт век во баварскиот великан.

– Си одам од Баерн Минхен на крајот на сезоната, тоа е вистина и нема да додавам повеќе во овој момент, – изјави за „Билд“ искусниот Герланд чиј договор со Баерн истекуваше наредното лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни