Поврзете се со нас

Италија

Марота ги потврди написите во медиумите и откри дека еден играч побарал да замине од клубот

Објавено

на

Во изминативе неколку дена се појавија шпекулации дека Кристијан Ериксен по само една година помината во дресот на Интер ќе го напушти клубот и ќе направи трансфер во јануарскиот преоден рок.

Дека има вистина во овие шпекулации сега потврди и спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота кој истакна дека фудбалерот сам побарал да биде продаден во јануари откако не успеал да се наметне во првиот тим на Антнио Конте.

Ериксен во Интер пристигна како големо засилување од редовите на Тотенхем, но по една година помината во Милано ќе ја промени средината, а во моментов најблиску до негов ангажман е тимот на ПСЖ.

– Конта на барањето на фудбалерот одговори со стил. Не можеме да задржиме играч кој во овој момент бара да биде продаден. Ние ќе ги донесеме вистинските одлуки кога ќе дојде време.

– Во моментов тој е подготвен за игра и Конте го користи на начинот на кој што тој смета дека е добар за клубот. Понуди? Во овој момент чекаме да пристигнат. Кога тоа ќе се промени ќе се обидеме да ја пронајдеме вистинската комбинација, -изјави Марота за „ДАЗН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни