Лига на шампиони
Маркињос: Сега Нејмар е на наша страна

Попладнево се извлекоа двојките за осминафиналето на Лигата на шампионите, а најинтересниот пат дефинитивно е Барселона-Пари Сен Жермен.
Ова се две екипи кои се при самиот врв на европскиот фудбал, постојано вложуваат и дефинитивно не очекува интересен двомеч на „Камп Ноу“ и „Паркот на Принцовите“.
-Одличен натпревар и голем предизвик. Барселона е една од најдобрите екипи во светот. Очекувам вистинска борба и подготвени сме за тоа. Ја гледавме ждрепката, нe останаа уште многу потенцијални ривали, бевме подготвени за она што се случи. Имаме многу мотиви да продолжиме понатаму, -истакна капитенот на ПСЖ, Маркињос кој смета дека фактот што сега кај нив е Нејмар може да им помогне да ја добијат Барселона од која загубија неколку важни битки во изминативе години.
-Голема е историјата на дуелите со Барселона. Имаше убави, но уште повеќе тажни моменти. Сега созреавме како тим и сигурно имаме шанса. И важна работа. Нејмар беше во дресот на Барселона пред три години и со три гола практично не елиминираше самостојно. Тој сега е со нас и може да биде предност во наша полза, -порача Бразилецот.

- НБАпред 23 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Италијапред 22 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 23 часа
Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард
- Англијапред 20 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 18 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 18 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 21 час
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 17 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)