Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Маркињос пред битката со Лајпциг: Престижот не ве носи никаде, тие се…

Објавено

на

Вечерва се игра првото полуфинале во Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и РБ Лајпциг.

Фаворитската улога дефинитивно ќе ја имаат „светците“, но овие нокаут средби во Лисабон покажаа дека се е возможно, односно дека сите карти се отворени и секој си гледа, бара шанса за победа. Во таборот на ПСЖ ова добро го знаат и воопшто не го потценуваат бундеслигашот кој во претходната рунда беше подобар од Атлетико Мадрид.

-Тие се млад и бестрашен тим, тоа го покажаа во оваа сезона во Лигата на шампионите. Играа одлично. Во претходниот натпревар против Атлетико Мадрид, тие тотално доминираа во играта. Значи, знаеме дека ќе треба да дадеме се од себе. Денес, потпирањето на престижот не ве носи никаде, -истакна Маркињос.

-Ова се нокаут мечеви, па во сите дуели гледаме многу возбудувања. Ова стана како еден тип на СП. Затоа беше толку радосно, толку полно со возбуда. Имаме за цел да го освоиме овој трофеј затоа што сме амбициозни. Ние го сакаме тоа; го имаме овој сон. Но, ние сме свесни дека станува збор за долг и напорен пат. Ќе има борба, нема да биде лесно, па затоа не е доволно само да сонувате за тоа.

-Видовме дека играњето како тим, да се има стратегија и да се игра со сила направи огромна разлика на теренот. Значи, едноставно мора да дадеме се од себе и да играме на највисоко ниво. Имаме квалитетни, талентирани играчи, но мора да се собереме и да си помагаме едни на други на теренот, да го дадеме сето она што го имаме и да вложиме секакви напори, срце во она што го сакаме, а тоа е фудбалот, да се бориме ова да го освоиме, -дополни Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни