Поврзете се со нас

Франција

Маркињос како капитен на ПСЖ откри каков е ставот на цел тим за „случајот Мбапе“

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Сагата Килијан Мбапе влијае доста негативно врз случувањата во Париз и навистина неизвесно е што ќе се случи со него до крајот на ова лето, бидејќи двете страни имаат драстично спротивставени ставови во овој момент.

Мбапе јасно стави до знаење дека нема да го продолжува договорот и со тоа ќе стане слободен агент наредното лето, а поради тоа што ПСЖ е свесен дека може да го загуби без отштета, инсистира на продажба и трансфер уште ова лето.

Клубот го стави Мбапе на продажба и не му дозволи да отпатува со тимот на турнејата во Азија, но по пристигнувањето во Јапонија, јасно е дека оваа тема се уште е многу актуелна во клубот.

Маркињос како капитен на тимот првпат се огласи за „случајот Мбапе“, а како лидер на момците во соблекувалната истакна дека ставот на групата е само еден.

– Ситуацијата со Мбапе е навистина деликатна и тешко е да се коментира од овој агол. Килијан е извонреден фудбалер и сите знаеме колку е важен за тимот. Прашањата за него се надвор од моќта на играчите, тоа е проблем за менџментот. Јас се надевам дека тој може да се врати во тимот и да биде дел од групата наредната сезона. Тоа е ставот на цел тим, – изјави капитенот од Јапонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни