Поврзете се со нас

Англија

Марез брилјираше и со хет-трик го „разнесе“ Барнли на „Итихад“ (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити продолжува со своите променливи изданија во Премиер лигата, па така по реми средбата со Ливерпул и поразот од Тотенхем, денеска пристигна и победа за тимот на Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ не наидоа на сериозен противник ова попладне на домашниот терен во Манчестер, бидејќи Барнли беше осуден на пропаст уште во раната фаза од мечот во која Ријад Марез ја презема главната улога.

Крилниот фудбалер набрзина постигна два гола за водство од 2:0, а до крајот на првиот дел, во листата на стрелците се запиша и Менди со одличен волеј кој го зафати од левата страна.

Второто полувреме продолжи со доминација на домаќините и таквиот распоред на силите резултираше со нов гол, овојпат дело на младиот Феран Торес за водство од 4:0.

На крајот, брилијантната партија со хет-трик ја заокружи токму Ријад Марез, кој со својот трет гол кој постави резултатот на денешниот меч по кој Сити конечно влезе во горниот дел од табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни