Поврзете се со нас

Светски првенства

Манчини на тренинг камп ќе ги тестира репрезентативците: Балотели се врати, повик за седум нови играчи

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини сериозно го сфаќа натпреварот со Македонија кој ќе е претпоследна пречка за „аѕурите“ во намерата да се пласираат на Светското првенство.

Манчини повика 35 потенцијални репрезентативци на Италија во пресрет на тренинг кампот кој ќе се одржи од 26 до 28 јануари во Коверчијано.

Меѓу повиканите играчи е и Марио Балотели кој се враќа во репрезентативниот табор уште од 2018 година, а повикани се и седум новајлии.

Голманот Марко Карнесеки, дефназивците Луиз Фелипе и Џорџо Скалвини, играчите од средниот ред Николо Фаџоли, Давиде Фратези и Самуеле Ричи, како и напаѓачот Жоао Педро за прв пат се повикани во националниот табор и постои можност да бидат викнати и за бараж натпреварот со Македонија.

Повикани фудбалери за тренинг кампот на Италија

Голмани: Марко Карнесеки (Кремонесе), Алесио Крањо (Каљари), Алекс Мерет (Наполи), Салваторе Сиригу (Џенова)

Одбрана: Алесандро Бастони (Интер), Кристијано Бираги (Фиорентина), Давиде Калабриа (Милан), Џорџо Кјелини (Јувентус), Матија Де Шиљо (Јувентус), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Алесандро Флоренци (Милан), Луиз Фелипе (Лацио), Џанлука Манчини (Рома), Лука Пелегрини (Јувентус), Џорџо Скалвини (Аталанта), Рафаел Толо (Аталанта)

Среден ред:  Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Николо Фаџоли (Кремонезе), Давиде Фратези (Сасуоло), Мануел Локатели (Јувентус), Матео Песина (Аталанта), Самуеле Ричи (Емполи), Стефано Сенси (Интер), Сандро Тонали (Милан)

Напад: Марио Балотели (Адана), Доменико Берарди (Сасуоло), Федерико Бернардески (Јувентус), Чиро Имобиле (Лацио), Лоренцо Инсиње (Наполи), Жоао Педро (Каљари), Џакомо Распадори (Сасуоло), Џанлука Скамака (Сасуоло), Матиа Закањи (Лацио), Николо Заниоло (Рома)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни