Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед следното лето ќе ја активира откупната клаузула на француски репрезентативец

Објавено

на

Англискиот медиум „Тајмс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед планира да ја активира откупната клаузула за 22 годишниот франуцски репрезентативец, Дајот Упамекано.

Солскјер ќе може во живо да се запознае со квалитетите на Упамекано затоа што тој со неговиот Ред Бул Лајпциг вечерва гостува на Манчестер Јунајтед во второто коло од Лигата на шампионите.

Упамекано неодамна го продолжи договорот со Лајпциг на три години и во него беше вметната откупна клаузула во висина од 45 милиони фунти.

Клаузулата ќе се намали на „само“ 38 милиони фунти следната година, па Упамекано ќе може за оваа сума да се пресели во било кој клуб.

Интересот за него е огромен, а од Манчестер Јунајтед ќе се обидат да ги обезбедат неговите услуги со цел да ја зацврстат дефанзивната линија која се покажа како најслаб дел од тимот на Оле Гунар Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни