Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков: Свежината е на наша страна, скапо ќе ја продадеме кожата против ПСЖ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер го заврши првиот дел од сезоната без ниту една победа на десет одиграни натпревари во Лигата на шампионите, а првиот во 2024-та година ќе биде екстремно тежок за македонскиот првак.

„Зелено-белите“ ќе играат со супер моќниот тим на ПСЖ, но ракометна Битола се надева на спортски празник во „Боро Чурлевски“ и максимално залагање од играчите на Ангеловски.

Дејан Манасков како едно од последните засилувања ќе има шанса да настапи во најелитното европско натпреварување и како член на Пелистер, а на официјалниот прес најави дека тој и соиграчите планираат скапо да ја продадат кожата.

– Помина доста време како не сум на терените и едвај чекам да започне утрешниот меч против ПСЖ. Мотивиран сум и за тоа воопшто не треба да се разговара. Чест ми е што повторно ќе можам да настапувам во Лигата на шампионите после една година пауза. Мислам дека сме добро подготвени, имаме еден добар моментум по онаа победа против Вардар во домашното првенств.

– ПСЖ и натаму е во топ пет екипите во Европа, имаат еден изграден систем кој неколку години веќе функционира. Јас и останатите играчи знаеме каков стил на ракомет негува ПСЖ. Раул беше тука и во репрезентацијата и во Вардар. Им ја препуштаме фаворитската уога, но нема лесно да ја продадеме кожата. Ќе дадеме сѐ од себе тука пред нашата публика и мислам дека можеме да изненадиме на некој од последните четири натпревари. Тие доаѓаат малку изморени од светското првенство, свежината е на наша страна. Треба да веруваме во тоа што го работиме, ќе излеземе без респект и ќе се обидеме да направиме изненадување, – изјави Манасков пред утрешниот меч во Битола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни