Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Манасков и Веспрем лесно се справија со Загреб

Објавено

на

Тимот на Веспрем за кого настапува Дејан Манасков ја прокнижи втората победа во новата сезона во Лигата на шампионите.

Унгарскиот гигант во почетното коло беше подобар од Нант, а пак вечерва рутински се справи со хрватскиот претставник ППД Загреб. Домаќините двете полувремиња ги решија со по шест голови разлика (18-12, 19-13) за конечни на крајот 37-25.

Манасков беше автор на три голови од четири обиди, најефикасен беше Халед со 6 голови. Кај гостите од Загреб се истакна Хрстиќ со шест голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни