Поврзете се со нас

Свет

Манасков и Веспрем доминантни во четвртфиналето на Купот на Унгарија

Објавено

на

Веспрем на репрезентативецот Дејан Манасков успешно ја мина четвртфиналната пречка во Купот на Унгарија.

Составот на Давид Дејвис Камара се соочи со Ференцварош, тим кој допатува во Веспрем со сосема друг состав поради повредите и заразените со КОВИД-19, па повеќе од јасно беше дека фаворитот рутински ќе си ја одработи задачата.

Во двете полувремиња домаќините одиграа колку што им беше потребно, првото го реализираа со 22-15, второто со 20-15 за конечни на крајот 42-30. Шишкарев и Благотиншек со по 6 голови беа најефикасни, додека нашиот Манасков беше автор на 4 погодоци.

Сега пред Веспрем се двата дуели со Вардар во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни