Поврзете се со нас

Формула 1

Малерозни фаворити: Како Ферстапен и Хамилтон доживеаја разочарување во Баку (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен ја задржа малата предност во однос на Луис Хамилтон во генералниот пласман и по трката во Азербејџан, но најголемите фаворити за победа доживеаја тешки удари за време на трката.

Возбудувањата во Баку може да се поделат во два дела.

Во првиот Ферстапен и Перез добија предност по влегувањата во боксот и на пет кругови до крајот имаа еден-два победа за Ред Бул, но еден од задните пневматици на Ферстапен не издржа на стартно-целната рамнина и тој заврши во заштитниот ѕид.

Трката беше прекината, Хамилтон со второто место ќе го преземеше водството во генералниот пласман, а по рестартот на располагање имаше три круга за да атакува и на првото место.

Рестартот го означува и почетокот на вториот мини дел од трката во кој Хамилтон навидум експресно се најде на првото место, но имаше проблем со сопирачките и не успеа да го фати свијокот, па беше престигнат од сите болиди и на крајот заврши како претпоследен.

Малерозните моменти за Ферстапен и Хамилтон донесоа голема радост за Перез кој стигна до втората Формула 1 победа и прва како член на Ред Бул, а причина за славје имаа и Фетел и Гасли.

Во генералниот пласман Ферстапен остана на 105, а Хамилтон на 101 поен, следуваат Перез со 69 и Норис со 66 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни