Поврзете се со нас

Италија

Малдини застана во одбрана на играчот кој фановите бараат да биде вратен преку „Амазон“: Мора да имаме трпение

Објавено

на

Милан вчера доживеа голем шок на „Сан Сиро“ и беше елиминиран од Торино во Копа Италија, натпревар на кој Стефано Пиоли им даде шанса на играчите кои обично се во втор план.

Од сите играчи на теренот, најголеми критики по поразот од 0:1 доби Де Кетелар, најскапото летно засилување на Милан кое дефинитивно има проблеми со адаптацијата во италијанскиот фудбал.

Белгиецот повторно ги разочара тифозите на Милан и дел од нив преку социјалните мрежи испратија и зајадливи коментари, барајќи од „Амазон“ експресно да го врати офанзивниот фудбалер во својата родна Белгија.

Свесни за критиките се и најодговорните луѓе во Милан, па така Паоло Малдини реши да застане во одбрана на фудбалерот за кој плати 30-тина милиони евра.

– Де Кетелар има само 21 година. Тој е млад играч кој го потпишавме на пет години. Тој е долгорочна, а не кратокорчна инвестиција. Не знам како некои уште во јануари велат дека го имал последниот пас во нашиот клуб. Ние веруваме во него, мораме да бидеме трпеливи со помладата генерација на играчи, – вели Малдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни