Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ќе добие 1.300 билети за бараж битката против Италија

Објавено

на

Македонската А сениорска фудбалска репрезентација како второпласирана ја заврши својата квалификациска група за Светското првенство, резултат кој значи дека се уште се живи нашите шанси за пласман во Катар.

За да стигнеме до мундијалот ќе мораме да одиме по потешкиот пат, преку битките закажани во месец март. Како што е познато прв наш против во баражот е селекцијата на Италија со која на 24. март ќе ги одмериме силите на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Токму по повод овој меч како и оние во другиот дел од ждребот во нашата „група“ во која се уште Турција и Португалија беше одржан он-лајн состанок на кој било разговарано за организациските предизвици за дуелите во март.

Македонија во Палермо на 24. март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на близу 1300 влезници (пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“.

Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар доколку успееме сензационално да го победиме Европскиот првак, Италија.

Вториот бараж меѓу Португалија и Турција ќе се одигра на „Драгоа“ во Порто, а доколку португалците обезбедат финале, мечот за пласман на Светскиот куп повторно ќе го играат на стадионот во Порто. Во случај Турција да ја совлада Португалија, Турската фудбалска Федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин на финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни