Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија ја доби Грција и на втората контролка во Скопје

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската ракометна репрезентација обезбеди уште една победа над Грција на тест натпреварите кои овие два дена се играа во Скопје.

Вчера нашиот национален тим славеше со 33-30, додека пак денеска во дуелот кој беше од затворен тип забележавме минимален триумф од 29-28.

Со оглед на тоа што оваа средба беше затворена за јавноста нема премногу информации освен тоа дека првиот дел сме го реализирале со резултат 15-12, додека по паузата следела борба во која ние сме го имале последниот збор со гол за победа во самата завршница.

Ова значи дека четата на Лазаров ги доби сите средби во подготвителниот период затоа што претходно бевме подобри и од Црна Гора во Стара Пазова.

Само за потсетување Македонија е во група со Франција, Германија и Швајцарија на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни