Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија и дефинитивно остана без Нено: Димитријевиќ доби лекарска препорака да не игра во Талин

Објавено

на

Македонската кошаркарска експедиција веќе е во Талин и се подготвува за „балон“ турниот на кој ќе ги одмери силите со Италија и Естонија, натпревари пред кои сега и дефинитивно стана познато дека селекторот Тодоров нема да може да смета на еден од најдобрите играчи.

Поради дополнителни тестови по прележаниот коронавирус, Ненад Димитријевиќ остана во Скопје и не им се придружи на своите колеги од репрезентацијата, но ова попладне стана јасно дека и официјално нема да отпатува во Талин за да им помогне на соиграчите.

– По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките на медицинските лица кои ги реализираа, се дека дека во овој момент, тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува, и да одговори на барањата и пред сè, напорите кои со себе ги носат патувањето до Талин, тренинзите и одигрување на два натпревари во така краток временски период.

– Особено што, како што потенцираа докторите, Димитријевиќ се враќа по прележувањето на вирусот Covid-19, а поради кој мораше да има дополнителен лекарски, односно болнички надзор во период од две недели, – изјави спортскиот директор Гечевски кој потврди дека Нено нема да игра на натпреварите на 28-ми и 30-ти ноевмри.

– Од тие причини, а првично, пред сè, поради здравјето на Нено, нормално и во интересот на македонската репрезентација, чиј дел треба да биде во наредните 10-15 години, ние како раководен тим во федерацијата, заеднички одлучивме дека тој не треба да патува. Туку дека под лекарски надзор, полека треба да им се враќа на оние нормални спортски, кошаркарски активности, за да дојде во ситуација повторно да биде оној што беше пред да дојде во ваква ситуација која ја предизвика коронавирусот. Да тренира и игра најдобро што знае и умее, – се надополни Гечевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни