Одбојка
Македонија го врати загубениот сет од Босна, но немаше сили да ја изненади фаворизираната Турција

Македонската одбојкарска репрезентација беше приморана да го подигне нивото од натпреварот со Босна и Херцеговина и покрај тоа што оствари триумф, но откако не го направи тоа доволно колку што се очекуваше, поразот оваа вечер беше неизбежен од далеку подоброрангираната селекција.
Турција како главен фаворит пристигна на двата квалификациски турнири во Скопје, а денеска го оправда таквиот статус и се покажа како далеку поконстантен тим на теренот во одиграните четири сета во салата „Борис Трајковски“.
Противничката селекција го доби првиот сет со 25:16, а македонските избраници најдоброто свое издание го имаа во вториот сет во кој одиграа перфектно и кој треба да биде пример за преостанатите два натпревари на вториот турнир во престолнината. Милениците на Матијашевиќ беа фантастични во одбрана и во напад и возвратија со 25:18, но потоа на стартот на третиот сет имаа пад, а воедно и беа деморализирани од четирите аса во низа на Арслан.
Турција брзо се одлепи на семафорот и поведе со 2:1 со уверливи 25:18, а четвртиот сет беше уште поедностран и фаворитот ја прокнижи втората победа со 25:12.
Добра вест за нас од овој натпревар е што освоивме еден сет и тоа ќе биде многу важно кога е во прашање сет количникот, бидејќи пласман на Европско првенство обезбедува и второ место. Македонија сега утре ќе мора да оствари чиста победа против Босна и Херцеговина со 3:0, а потоа одново ја чека дуел со Турција пред конечната разврска на резултатите и од другите квалификациски турнири.

- Германијапред 12 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 11 час
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 15 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 13 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 10 часа
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 9 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме