Поврзете се со нас

Свет

Мајсторија на новопечениот репрезентативец: Мусовски го реши дербито на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Објавено

на

Новиот македонски репрезентативец, Даниел Мусовски беше човек на одлука на вечерашното дерби во МЛС лигата меѓу ФЦ Лос Анџелес и Лос Анџелес Галакси.

Домаќините успеаа да слават со 2-0 во оваа градска пресметка, а токму човекот кој го најави триумфот беше Мусовски со мајсторскиот погодок во 58 минута. Тој доби одлична топка во празно од Роси, по што следуваше голгетерска реакција и преку голманот Клинсман ја смести во топката во мрежата на Галакси.

До крајот погоди и нововлезениот Вела за конечни 2-0 и големо славје во тимот на ФЦ Лос Анџелес.

Само да посетиме, Мусовски има македонско потекло и прифати да игра за нашиот национален тим, односно ако административно се помине во најдобар ред тогаш ќе биде во конкуренција за настап на ноемвриските натпревари на македонската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни