Поврзете се со нас

Светски првенства

Мачка го прекина пресот на Винисиус, реакцијата на портпаролот на Бразил ги шокираше сите присутни

Објавено

на

Винисиус Жуниор денеска беше задолжен да има свое обраќање пред новинарите во Катар, а бидејќи имаше голема заинтересираност за обраќањето на ѕвездата на Реал Мадрид, големиот број претставници на седмата сила беа сведоци и на необична ситуација.

Мачка го прекина пресот на крилниот напаѓач на „кариоките“ и питомото животно неочекувано се најде во центарот на вниманието, се додека шоуто не го украде портпаролот на Бразил.

Човекот задолжен за пи-ар и водење на прес-конференцијата се погрижи брзо да се ослободи од „натрапникот“, но начинот на кој го направи тоа наиде и на негодување кај неколкумина присутни во салата.

Оваа необична ситуација на крајот предиздвика и голема смеа во салата, а рамнодушен не остана и Винисиус кој мораше за момент да прекине да одговара на прашањата.

– Головите се најважната работа во фудбалот. Кога постигнуваме гол на Светско првенство, не сме радосни само ние играчите, тука цела нација. Имаме уште многу работа пред нас, се надевам дека ќе продолжиме да играме и танцуваме до самиот крај на турнирот, – изјави претходно Винисиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни