Поврзете се со нас

Италија

Лукаку признава дека стартувал одмазднички во Челси: Чувствувам голем бес во себе!

Објавено

на

Иако сакаше да се реваншира и да ги сврте работите во своја полза, Ромелу Лукаку имаше и втора очајна етапа во Челси, клуб од кој реши да си замине по само една сезона.

Белгиецот воопшто не се вклопи во системот на Томас Тухел и неговиот 115-милионски трансфер се покажа како големо промашување, па по неполна година, реши да се врати во Интер и на местото кадешто брилјираше под водство на Конте.

Лукаку сега ќе соработува со Симоне Инѕаги, но не крие дека со себе носи огромна желба за надигрување, но и мотив и бес по лошата сезона во Англија.

– Сезоната во Челси ми дава екстра мотивација да бидам уште подобар од претходно. Во изминатава година, сите заборавија какви работи правев на теренот. Луѓето брзо забораваат и тоа буди бес во мене, имам голем бес во себе.

– Истото важи и за тимот кој не победи во Серија А минатата сезона, па сега заедно ќе се обидеме да направиме нешто подобро. Сакав одмазда при враќањето во Челси, таму бев многу млад првиот пат и не успеав. Се вратив за да бидам херој, но не беше така. Во март првпат остварив контакт со Интер за враќање и полека се наредија коцките. На крајот од сезоната направивме одлична работа и сега сум тука. Воопшто не се двоумев за да се вратам тука, – вели Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни