Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике извлече прв сериозен заклучок и испрати јасна порака до водечките луѓе на ПСЖ

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе е главна тема во француската престолнина и неговите потези оневозможуваат нормално функционирање на ПСЖ, но Луис Енрике побара од новинарите да не му се поставуваат прашања на оваа тема при пристигнувањето во Јапонија.

ПСЖ ја започна азиската турнеја без својата најголема ѕвезда која беше отстранета од првиот тим, а додека Лучо чека разврска на навистина деликатната ситуација, истовремено се насочил и кон другите проблеми во првиот тим.

Луис Енрике е свесен дека нема да има лесна задача во Париз, па според него, ангажманите на Шкриниар, Асенсио, Канг Ин, Угарте и Ернандес не се доволни за да се забележи напредок на теренот.

После одработени доволен број тренинзи во изминативе две недели, Луис Енрике излезе со прв посериозен заклучок и испрати јасна порака до водечките луѓе, односно Ал Келаифи и директорот одговорен за трансфер, Луис Кампос.

– Овие натпревари за време на турнејата ќе ги искористиме за да добиеме подобро чувство за формата на тимот, но една работа е јасна. Тимот треба уште да се засили, но ќе направиме и неколку прецртувања. Мора да ослободиме уште неколку фудбалери од првиот тим, – јасно посочува Луис Енрике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни