Поврзете се со нас

Свет

Лудвигсхафен го изненади Хановер, тимот на Томовски поблиску до опстанок

Објавено

на

Мартин Томовски и неговиот тим Лудвигсхафен остварија важна победа на гостувањето кај фаворизираниот Хановер (25:28) и стигнаа до важни бодови во битката за опстанок во Бундеслигата.

Томовски и неговите соиграчи направија солидна предност уште во првиот дел против тимот во кој настапува неговиот репрезентативен колега, Филип Кузмановски (12:16), па успеаја да одржат предност до самиот крај.

Томовски забележал 6 одбрани, а најефикасен во неговиот тим бил Мапес со 8 голови.

Кузмановски реализирал еднаш од единствениот упатен удар, а кај Хановер Мартиновиќ стигнал до 9 погодоци на оваа средба.

За Лудвигсхафен ова е осма победа сезонава и сега тимот на Томовски има само бод помалку од Балинген, кој е првиот тим во сигурната зона за опстанок во германското ракометно првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни