Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Луда партија на Кусовац, ТФТ загуби во Црна Гора

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ го претрпеа шестиот пораз во осмиот натпревар во БИБЛ лигата и тоа на гостувањето во Црна Гора кај тимот на Теодо.

Домашниот тим славеше 98-83 и тоа пред се благодарение на неверојатната партија на Петар Кусовац кој даде скоро половина од поените на својот тим, поточно 46 кошеви. Тој погоди седум тројки, реализираше 19 од 21 слободно и буквално сам му ја донесе победата на Теодо на оваа средба.

Во таборот на македонскиот претставник Смит реализираше 24 поени, Андерсон додаде 18, додека двоцифрени беа уште Шелман со 14 и Херис со 12 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни