Поврзете се со нас

АТП

Лопес: Синер и Алкарас се вонсериски играчи, имаме среќа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Јаник Синер и Карлос Алкарас се две имиња од новата генерација кои се издвојуваат кога се во прашање тенисерите до 23 години.

Италијанецот и Шпанецот освојуваат титули на највисоко ниво, имаа и триумфи на грен слем сцената и многу се очекува од нив и во иднина, односно едноставно да помогнат тенисот да остане во фокусот затоа што Рожер Федерер е веќе во пензија, Рафаел Надал е на добар пат кон таа приказна, а останува и знак прашање колку и Новак Ѓоковиќ ќе остане на сцената.

Фелисијано Лопез долги години се натпреваруваше на највисоко ниво, освои седум АТП титули, па според него е од огромно значање што овој спорт има играчи како Јаник и Карлос кои ќе ја заменат големата тројка.

-Кога разговарам со луѓето и им кажувам дека Андре Агаси освои осум грен слем титули, добивам одговор во вид на прашање, само? Ова е перцепцијата на луѓето кои не го познаваат светот на тенисот. Кога ќе дојде некој кој освоил 22 слемови, тоа го засенува сето она што било претходно. Ама тоа не е коретно. Затоа мораме да го цениме она што го имаме, без да го споредуваме со она што било.

-Треба да уживаме во тоа што Синер и Алкарас се двајца извонредни играчи. Имавме среќа поради појавата на нив двајца, имајќи предвид дека пред тоа доаѓавме од периодот на Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мари… И ништо повеќе, заклучи Лопес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни