Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул го совлада Саутемптон и остана во трката за титулата во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Екипата на Ливерпул со 2:1 славеше како гостин против Саутемптон на „Сент Мери“ и остана во трката за титулата со Манчестер Сити.

„Црвените“ до победата стигнаа по пресврт откако домашниот тим прв дојде до предност со голот на Натан Редмонд.

Такуми Минамино и Жоел Матип со по еден гол во двете полувремиња се погрижија за целосен пресврт и три бода за тимот предводен од  Јирген Клоп.

На едно коло до крајот на шампионатот, Ливерпул има бод помалку од лидерот Манчестер Сити.

Избраниците на Клоп во последното коло ќе се соочат со Вулверхемптон, додека пак Сити ќе биде домаќин на Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни