Балкан
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска

Динамо остана без своите најдобри фудбалери во последно време и од првиот тим си заминаа Оршиќ и Адеми, но нивниот чекор ќе го следи и голманот кој забележа стратосферски развој во последните неколку години.
Доминик Ливаковиќ посебно брилјираше на Светското првенство во Катар и значително го привлече вниманието на себе, но како што стојат работите, трката за неговиот потпис најверојатно ја добива Галатасарај.
Турскиот гигант му понудил богат договор на првиот голман на Хрватска и е решен да му го овозможи трансферот на кариерата, за кој пак Динамо ќе инкасира 10 милиони евра.
Толку изнесува откупната клаузула вметната во договорот на Ливаковиќ, која предизвика жалење од страна на тренерот Чачиќ кој станува свесен дека ќе остане без својот чувар на мрежата.
– За мене Ливаковиќ е најдобар голман што сум го видел некогаш. Фантастично бранеше за Хрватска против Турција, но тој така брани на секој меч. Клаузулата за негова продажба е прениска, – изјави Чачиќ.
-
АТПпред 24 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Италијапред 8 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 11 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето