Поврзете се со нас

Англија

Линделоф: Јунајтед може да го победи секој тим на светот

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед издвојува голема победа над Манчестер Сити (2-0) во дербито на колото во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ дадоа по еден гол во првите минути на првото и второто полувреме што беше повеќе од доволно за три бода на „Итихад“, но и воедно со тоа да ја прекина победничката серија на ривалот од 21 натпревар.

Ова славје дефинитивно ќе ја зголеми самодовербата кај Јунајтед, а тоа може да се забележи и првата изјава на стоперот Виктор Линделоф.

-Во секој меч влегуваме со голема самодоверба. Знаеме дека можеме да го добиеме секој противник. Ова беше тежок гостински меч против многу добар тим. Покажува оти сме одличен состав и што можеме да направиме на теренот. Мора да работиме напорно и да се надеваме на многу победи, -порача Швеѓанецот.

Инаку ова за Јунајтед беше прв триумф против големата шестка во актуелнава кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни