Поврзете се со нас

Англија

Левандовски со искрена изјава за Јирген Клоп: Тој има две лица

Објавено

на

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата и член на Баерн Минхен, Роберт Левандовски во едно од своите последни интервјуа зборуваше за односот кој го имал со Јирген Клоп.

Двајцата беа заедно во редовите на Борусија Дортмунд и според се што тогаш можевме да видиме, можеше да се забележи одличен однос меѓу Полјакот и Клоп.

– Би рекол дека Јирген Клоп ми е омилен менаџер. Тој има две лица- гледате дека е нешто како татко на своите играчи, но истовремено е и тренер и менаџер. Подготвен е да ти каже се, и добро и лошо.

– Мислам дека е голем мотиватр. Знае точно кои граници треба да бидат поместени. Тој е неверојатен тренер и уште подобар човек, -изјави Левандовски.

Левандовски и Клоп имаа супер успешна соработка која во Борусија Дортмунд траеше цели четири години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни