Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски се уште не може да „запали“, Чави го смирува: Истото му се случи и на Суарез (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Барселона имаше победнички крај на турнејата низ Соединетите Американски Држави која ја заврши во Њујорк каде против „биковите“ од овој град славеше со 2-0.

И на овој меч во листата на стрелци не се запиша летното засилување Роберт Левандовски кој имаше неколку изгледни шанси да ја „отвори сметката“ во новата средина, меѓутоа ќе мора да почека некоја друга прилика за тоа.

Тренерот Чави Ернандес откри дека Полјакот почнува да се нервира, но во исто време го смирува и му порача да го погледне случајот со Луис Суарез кој имаше проблеми на почетокот за да потоа екплодира и испише историја во дресот на каталонскиот гигант.

-Левандовски е фрустриран, но тоа е нормално. Истото што му се случи на Луис Суарез кога дојде. Ќе дојдат головите, -порача Чави кој е задоволен од тестовите во САД.

-Многу сум задоволен од тоа како помина турнејата бидејќи физички добро работевме. Секој од натпреварите претставуваше различен предизвик и јас сум среќен. Имаме уште две недели до почетокот на сезоната, па ќе тренираме напорно за да добро се натпреваруваме.

-Ќе се обидеме да бидеме конкурентни во сите натпреварувања оваа сезона. Оптимист сум поради играчите кои ги имаме. Посакувам да видите колку се добри на тренинзите, -заклучи Ернандес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни