Поврзете се со нас

Германија

Левандовски разочаран од изјавата на Салихамиџиќ за Халанд

Објавено

на

Хасан Салихамиџиќ како спортски директор на Баерн Минхен призна дека германскиот великан будно ја следи ситуацијата со Ерлинг Халанд и го има во своите планови за иднина, изјава која сепак воопшто не му се допаднала на актуелниот вистински лидер во нападот на баварскиот великан.

Роберт Левандовски со години наназад е ударна игла и незаменлив во нападот на Баерн Минхен, а како што уверува угледниот „Билд“, полскиот напаѓач останал разочаран од изјавата на популарниот Брацо поврзана за норвешкиот голгетер кој сега настапува за Борусија Дортмунд.

Салихамиџиќ не штедеше комплименти за Халанд и го стави Ерлинг на највисоко скалило во европскиот фудбал, но поделените комплименти не го импресионирале Левандовски кој наводно е лут на спортскиот директор од кого ќе бара и објаснување.

Според верзијата на „Билд“, Левандовски ги оценил како непочитувачки коментарите на Брацо за Халанд кога тој и натаму руши рекорди како најдобар напаѓач во Бундеслигата, што може да биде и контрапродуктивно за баварците со оглед на тоа што во најскоро можно време, треба да почнат преговори меѓу водечките луѓе на клубот и претставниците на Полјакот.

Левандовски има важечки договор со Баерн до 2023-та година, па ако не се постигне посакуван договор до крајот на оваа сезона, „Билд“ прогнозира дека ќе постојат големи шанси Роберт да направи трансфер во летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни