Поврзете се со нас

Франција

Леонардо потврди дека Силва и уште една голема ѕвезда го напуштаат ПСЖ

Објавено

на

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, денеска конечно подиректно откри дел од потезите на францускиот првак во претстојниот преоден рок.

Се работи за две разделби со искусни фудбалери, односно заминувањето од ПСЖ на досегашниот капитен Тиаго Силва и најдобриот стрелец во историјата на клубот, Единсон Кавани.

– Дојдовме до крајот на нашата соработка. Во моментов размислуваме да ги задржиме до крајот на август, – изјавил Леонардо за француски „Журнал ди диманш“.

Бразилецот алудира на фактот што ПСЖ би сакал да ги има Кавани и Силва во составот во месецот кој ќе се доигрува Лигата на шампионите, по што тие би можеле да се преселат во своите нови клубови.

За двајцата играчи се интересираат Интер и Милан, но се чини дека Кавани е најблиску до трансфер во Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни