Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер не можеше да поверува што слуша преку тимското радио: Ферари почна да го прислушкува Мерцедес (Видео)

Објавено

на

Во пресрет на последните квалификации на трката за Големата награда на Португалија, Ф1 фановите кои ги следат случувањата на автодромот во Алгарве беа сведоци на една урнебесна комуникација.

Шарл Леклер со неверување побара одговори од своите инженери во Ферари, бидејќи во еден момент, почнал да го слуша разговорот меѓу Луис Хамилтон и одговорните луѓе на Мерцедес преку своето тимско радио.

– Што се случува, што се случува. Зошто го слушам радиото од останатите? Го слушав Хамилтон преку радиото. Слушав инженер или некој друг, – порача зачудениот Леклер.

– Потврдено, сега се треба да биде во ред, – гласеше одговорот од италијанскиот тим.

Оваа урнебесна ситуација послужи да видиме безброј зајадливи коментари на социјалните мрежи, алудирајќи дека Ферари сега се одлучил на стратегија на прислушкување со цел да ја намали огромната разлика која постои меѓу нив и Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни