Поврзете се со нас

Италија

„Лекип“: Рибери принуден да стави крај на кариерата поради сериозен проблем!

Објавено

на

Франк Рибери реши да остане уште една сезона во Салернитана откако тимот на драматичен начин обезбеди опстанок во Серија А, но како што стојат работите во моментов, Французинот нема да може да им помогне на своите соиграчи до крајот на кампањата.

Угледниот француски весник „Лекип“ ексклузивно открива дека Рибери одлучил да стави крај на маките и да замине во фудбалска пензија, откако неговите проблеми со колената почнале да стануваат се посериозни, до тој степен, што лекарите дијагностицирале дека неговите ‘рскавици речиси и да ги нема.

Тоа носи голем ризик за нормално функционирање и живеење во блиска иднина, па „Лекип“ информира дека неверојатниот дриблер кој стана легенда на Баерн Минхен се повлекува на 39 години и нема да го дочека 40-от роденден на фудбалскиот терен.

– Неговите колена попуштија. Неговата ‘рскавица е шуплива. Болката само се зголеми до тој степен што го натера да каже стоп и доста е, – пишува весникот.

Ексклузивата на „Лекип“ брзо ја потврдија и италијанските новинари, кои пак додаваат дека Рибери ќе остане во Салернитана, но ќе извршува директорска улога.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни