Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Сакаме да победиме на Велигден за наша душа

Објавено

на

Најдобрата македонска ракометна репрезентација ја заврши мисијата Финска и сега останува само последниот предизвик во квалификациите за Европското првенство-тоа е мечот против Швајцарија кој се игра во недела во Скопје.

Ова е средба која за нас нема резултатско значање со оглед на тоа што веќе изборивме место на континенталниот собир, но без разлика на тоа желбата е да славиме и победничко да го заокружиме овој квалификациски циклус.

-Атмосферата е одлична, верувам дека на сите ќе им биде од големо значење да ја победиме Шајцарија. Јас веќе им напоменав на играчите, Швајцарија е екстра квалитетна репрезентација која на последното СП им направи проблем на сите големи селекции. Не се работи за истата селекција што ја победивме во октомври на гостински терен, имаат многу промени во играта, составот и на тактички план.

-Тешко е да се подготвеш за еден ваков противник, ова е голем предизвик и за нас како стручен штаб. Останува да се подготвиме, сакаме за душа на Велигден да одиграме квалитетен меч и победничко да го затвориме овој циклус, -истакна нашиот селектор и воедно капитен, Кире Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни