Поврзете се со нас

Свет

Лаутаро за „Златната топка“ на Меси: Тој ја освои поради…

Објавено

на

Лионел Меси ја освои „Златната топка“ за најдобар играч за 2021 година, избор со кој не се согласија многумина кои сметаа дека наградата требало да заврши во други раце.

Меѓутоа секој избор секогаш носи разни коментари, несогласувања, ставови, но изборот е тој и ѕвездата на ПСЖ по седми пат го доби признането кое го доделува „Франс Фудбал“. Свој став на темата има и напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез кој верува дека сонардоникот истата ја заслужува, а главната причина за тоа е освониот трофеј на Копа Америка, трофеј кој Аргентинците го чекаа скоро три децении.

-Аргентина немаше освоено меѓународен трофеј 28 години, тоа беше неверојатна емоција. Тоа беше наш сон и исто и на Меси. Тој долго време игра со репрезентацијата и беше незаборавно да се подигне пехарот на Маракана. Тоа беше важна цел и ја постигнавме со тимски дух и со Меси, кој е наш лидер.

-Тој е најдобриот играч на светот, седум пати ја има освоено Златната топка и тоа кажува се. Верувам дека Копа Америка беше многу важна за него за да ја освои Златната топка, -истакна Лаутаро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни