Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лаутаро човек на одлука, Интер прв финалист во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер е прв финалист во Лигата на шампионите, место кое го обезбеди преку градскиот ривал Милан кого го совлада и во вечерашната битка на „Џузепе Меаца“.

Избраниците на Симоне Инѕаги го добија првиот меч со 2-0 и со огромна предност влегоа во денешната пресметка на која одново упатија повеќе удари од противникот, а еден од нив заврши во мрежата на „росонерите“.

Клучниот момент се случи во второто полувреме или поточно во 74 минута кога нововлезениот Ромелу Лукаку успеа да го пронајде Лаутаро Мартинез кој биеше силно, прецизно и топката заврши зад грбот на гостинскиот голман.

„Нероаѕурите“ со вкупни 3-0 се пласираа во финалето во Истанбул закажано за 10 јуни, а во истото ќе играа со подобриот од дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Утрешното соочување на „Итихад“ ќе започне со резултат 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни