Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта даде прогноза за престојното „Ел Класико“: Натпреварот ќе биде одличен, уверен сум…

Објавено

на

Овој викенд се игра првото фудбалско „Ел Класико“ во оваа натпреварувачка сезона и тоа на „Камп Ноу“ каде силите ќе ги одмерат вечните ривали Барселона и Реал Мадрид.

Средбата се игра в недела од попладневниот термин од 16:15 часот, а во пресрет на истата своја прогноза даде првиот човек на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Лапорта очекува супер квалитетна битка во која навивачите ќе го исполнат „Камп Ноу“, меч на кој ќе слават домаќините.

-Имам добро чувство. Добивме два натпревари, играчите се опоравуваат, Агуеро и Фати се вратија, играме на нашиот стадион. Сакам да ги повикам навивачите да дојдат бидејќи натпреварот ќе биде одличен. Ако го победиме Реал , ќе биде голем празник.Оптимист сум и уверен сум дека Барселона ќе слави, -истакна Лапорта кој во изминатиов период успеа со нови договори да ги врзе двете млади ѕвезди Ансу Фати и Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни