Поврзете се со нас

Англија

Лампард објасни зошто го доведе Кол во Евертон: Сите знаат…(ФОТО)

Објавено

на

Френк Лампард повлече неколку потези по преземањето на премиерлигашот Евертон кој на негова барање во самата завршница не зимскиот преоден рок ги доведе Деле Али и Дони Ван Де Бек за да сега е комплетиран трансферот на Ешли Кол кој ќе го засили неговиот стручен штаб.

Лампард и Кол долги години беа соиграчи, одлично се познаваат и затоа менаџерот на „карамелите“ сакаше да го има крај себе во овој предизвик на „Гудисон Парк“.

-Среќен сум што ја додадов Ешли во мојот стручен тим. Сите знаат за неговата одлична играчка кариера и што постигна во играта. Тој сега е добро почитуван тренер кој е препознаен по неговата работа со Англија до 21 година. Тој ќе донесе многу ентузијазам, искуство од играта и е многу добар млад тренер кој додава сила на нашиот тренерски штаб, -истакна Лампард.

Своето задоволство од ангажманот не го криеше ниту самиот Кол кој порача:

-Бев воодушевен кога Френк ме замоли да му се придружам во Евертон. Ова е брилијантна можност со фантастичен клуб и доаѓам овде да работам напорно и да се обидам да помогнам да му донесе успех на Евертон.

-Тој е одличен менаџер и лидер. Со остатокот од персоналот овде, имаме сè на место за она што сакаме да го постигнеме заедно, -рече некогашниот англиски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни