Поврзете се со нас

Англија

Лампард ја искоментира катастрофалната грешка на Кепа во дербито со Ливерпул

Објавено

на

Френк Лампард не беше премногу загрижен по првиот пораз кој го претрпе неговиот Челси во дербито со Ливерпул, бидејќи менаџерот на лондонскиот клуб верува дека тимот ќе биде значително подобар кога ќе се вратат од повреди новите засилувања на кои не може да смета во овој момент.

Челси загуби од шампионот со 0:2 на домашен терен, а како малку да беше црвениот картон кој го заработи Кристенсен, Лампард доживеа уште поголем шок непосредно откако неговиот тим прими прв гол.

Кепа Аризабалага направи катастрофална грешка и му ја подари топката на Садио Мане, по што напаѓачот на Ливерпул со својот втор гол го зголеми водството на два разлика.

Со оглед на тоа што ова не е прв ваков кикс на Кепа, англиските новинари одново го нападнаа најскапиот голман во светот, а Лампард не криеше дека киксот на Шпанецот дополнително му ја отежна работата на тимот кој беше подготвен за борба.

– Нема што да се полемизира. Кепа направи чиста грешка и тоа доста скапо не чинеше. Ако се земе во предвид дека подоцна добивме пенал, можевме да имаме шанса за израмнување. Ова се тие маргини кои ја прават разликата на вакви големи натпревари. Мора да продолжиме да работиме, Кепа мора да продолжи да работи и да напредува. Исто така, ние треба да бидеме тука за него и да го поддржуваме, – изјави Лампард, кој уште отсега најави дека тој нема да брани на мечот со Барнсли во Карабао Купот.

– Од сега ви најавувам дека Вили ќе брани во среда. Без оглед на тоа што се случи денеска, тоа беше моја одлука за тој меч. Не сакам вие новинарите да носите лоши проценки и да судите погрешно по ова што се случи денеска. Кепа денеска направи грешка, но мислам дека направи грешка и против Брајтон во првото коло, – заврши Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни