Поврзете се со нас

Македонија

Кузманоски прозиваше, прилепчани го одработија првиот тренинг

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш, Прилеп под водство на новиот тренер Горан Кузманоски ги започна подготовките за престојната сезона.

Првиот тренинг беше одработен на теренот на ,,Могилата на непобедените”, а на истиот присуствуваа сите играчи со исклучок на грузискиот интернационалец Зураб Цинцадѕе кој во Прилеп ќе пристигне на 2 август.

Прилепчани освен со Цинцадѕе за новата сезона се засилија со Христоски, Манчески, Шокоски, Чантурија, и Чурлевски, нови договори добија Бикоски и Амзоски, а секако ќе помага и Кузманоски кој ќе ја има улогата на тренер-играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни