Поврзете се со нас

Шпанија

Кутињо доживеа големо разочарување еден ден по „Ел Класико“

Објавено

на

Филипе Кутињо ги одигра сите 90 минути на „Ел Класико“ и пропушти една колосална шанса за гол при 1:1, но најлошите вести за него и тренерот Роналд Куман пристигнаа ова утро, откако поради болки бил испратен во медицинската соба на тимот.

Бразилскиот репрезентативец не можеше да биде задоволен од конечниот исход на „Ел Класико“, а уште помалку од епилогот на здравствен план, бидејќи во моментите кога ужива огромна доверба од тренерот, сега ќе мора да направи пауза.

Барселона информираше дека Кутињо заработил повреда на задната ложа и ќе го пропушти дерби натпреварот против Јувентус, со напомене дека во овој момент не се знае колку точно ќе отсуствува од терените.

Сепак, првичните проценки ги дадоа угледните медиуми од Шпанија, кои велат дека Кутињо ќе мора да паузира во наредните три седмици, што значи дека ќе пропушти четири меча, а ќе се врати по репрезентативната пауза во месец ноември.

Покрај дербито против Јувентус во Лигата на шампионите, Кутињо ќе ги прескокне и дуелите против Алавес, Динамо Киев и Бетис, а неговото враќање се очекува на 21-ви ноември кога Барселона ќе игра дерби дуел во Примера против Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни