Поврзете се со нас

Шпанија

Куртоа смета дека Реал ќе има голем плус во трката за титулата: Навистина многу сум изненаден од него

Објавено

на

Шампионската трка во Примера и дефинитивно ќе го дочека својот крај откако властите дадоа зелено светло за рестартирање на елитниот фудбал, па за разлика од обично, оваа битка меѓу Реал Мадрид и Баарселона ќе биде доста поразлична, бидејќи континуитетот дополнително ќе биде доведен во прашање.

Во ситуација кога фудбал ќе се игра на секои три или четири дена, тешко е да се даде било каква прогноза за тоа кој тим е во подобра ситуација, но Тибо Куртоа смета дека паузата од коронавирусот донела и еден голем плус за Реал, бидејќи сега Зидан на располагање го има Еден Азар.

Белгиецот беше отпишан до крајот на сезоната поради операцијата која ја направи на зглобот, но во измиантиве три месеци комплетно се рехабилитираше и се очекува да му помогне на тимот. Тоа може да се види и од последните тренинзи на кои крилниот фудбалер ги воодушевува соиграчите, па Тибо е голем оптимист за неговото враќање во тимот.

– Азар се врати во многу добра форма и мора да кажам дека навистина сум изненаден од него. Влегува во препознатливиот ритам и делува изненадувачки, но сепак ќе оди чекор по чекор. Може да се види дека е во фантастична форма и навистина може многу да ни помогне во битката за титулата, – вели Куртоа за „Мовистар“ и додава.

– Се донесе одлука да играме на „Ди Стефано“ до крајот на сезоната. Тоа не ни штети, за нас е гордост да играме на теренот кој го носи името на легендата, најдобриот играч во историјата на Реал Мадрид. Ќе биде неверојатна историја да ја освоиме титулата на овој стадион, – додаде Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни