Поврзете се со нас

Шпанија

Кунде и Серхи Роберто му одговорија на Гундоган: Тука победуваме и губиме како тим (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Илкај Гундоган беше најжестоко по елиминацијата на Барселона од ПСЖ и директно го впери прстот кон Роналд Араухо, заклучувајќи дека дефанзивецот на Барселона не требал да реагира преагресивно во дуелот со Баркола.

Искусниот играч за врска не го криеше разочарувањето и искрената изјава донесе доста турбуленции во јавноста, но што е уште поинтересно, предизвика и реакции од двајца негови соиграчи.

Жул Кунде и Серхи Роберто не се согласуваат со зборовите кои ги употреби Гундоган, па во своите Инстсаграм објави го потсетија дека Барселона победува, но и губи како тим.

– Многу сум разочаран, имавме се во свои раце и му подаривме се на ПСЖ. Му подаривме на најлесен можен начин. Тешко е да се каже, но во такви клучни момент, мора да знаете дека први ќе стигнете до топката (зборувајќи за Араухо). Подобро ќе беше да примиме гол, или да му дозволи на противникот да излезе во ситуација еден на еден. Така ќе му дадеше шанса на Тер Штеген да направи одбрана, – изјави Гундоган, кој сега доби одговор од Кунде и Роберто.

– Огромно е разочарувањето што не се пласирамве во полуфиналето кога имавме се на своја страна. Сепак, ние победуваме како тим и губиме како тим, тоа секогаш треба да биде така. Треба да се опоравиме и да се подготвиме за „Ел Класико“. Ви благодарам за поддрршката, – им порача Кунде на фановите.

– Сега треба да бидеме посплитени од било кога. Тука победуваме и губиме сите заедно, – порача Серхи Роберто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни