Поврзете се со нас

Шпанија

Куман отворено за ситуација на Лео Меси: Тој имаше конфликт со управата…

Објавено

на

Стратегот на Барселона, Роналд Куман беше запрашан за неговиот однос со првата ѕвезда на клубот, Лионел Меси по целата збрка што се случи во изминатиов период.

Аргентинецот побара да си оди од клубот, но од Барселона не му го дозволија тоа затоа што се уште има важечки договор, па тој ќе остане на „Камп Ноу“ уште една сезона.

Многумина помислија дека Ваквиот развој на ситуацијата ќе влијае врз Лионел Меси и неговиот однос со сите присутни во клубот, но новиот тренер на Барселона, Роналд Куман истакна дека тој нема ама баш никаков проблем со фудбалерот.

– Ситуацијата ја поминавме доста разумно. Тоа главно беше конфликт помеѓу Меси и клубот. Зборував со Меси по целата таа ситуација и тој ќе продолжи со нас како што е вообичаено, -изјави Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни