Поврзете се со нас

Шпанија

Куман имаше нервозна конверзација со тренерот на Хетафе и веднаш даде објаснување по крајот на мечот (Видео)

Објавено

на

Роналд Куман го претрпе првиот пораз како тренер на Барселона, откако оваа вечер неговиот тим потклекна на гостувањето во шпанската престолнина кај незгодниот Хетафе.

Составот предводен од тренерот Бордалас секогаш игра на граница на дозволеното и важи за еден од најнепријатните тимови во Примера, нешто што вечерва го искусија и играчите на Барселона кои по пауза од цели 9 години загубија од Хетафе.

Куман никако не можеше да биде задоволен од поразот со оглед на шансите кои ги пропушти неговиот тим во првиот дел, но по поразот од 1:0, посебно внимание привлече нервозната конверзација која ја имаше со противничкиот тренер, Хосе Бордалас.

Тренерот на Барса имаше што да му каже на својот колега, а во моментите кога даваше изјава за медиумите по крајот на мечот, експресно откри за што станувало збор.

– Му кажав на тренерот дека нивниот играч со број 12, дефанзивецот Ниом покажа огромно непочитување. Ме навреди во неколку наврати, кажа неколку лоши работи кои не сакам да ги повторам пред камерите. Му порачав на Бордалас да зборува со својот играч, вакви работи не треба да бидат дел од фудбалот, – порача разочараниот Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни