Поврзете се со нас

Свет

Крај на приказната: Рајковиќ заработи отказ од ЦСКА Москва

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот кошаркарски стручњак, Емил Рајковиќ нема повеќе да го води рускиот великан ЦСКА Москва.

Клубот од Москва одлучи да се раздели со Рајковиќ пред плејоф фазата во која „армејците“ ќе тргнат од третата позиција и ќе се соочат со Енисеј.

-Би сакал да изразам голема благодарност до кошаркарскиот клуб ЦСКА и неговиот претседател Андреј Ватутин за секогаш конструктивната соработка и довербата што ми беше дадена, можноста да го водам еден од најславните клубови во европската кошаркарска историја.

-Во овие две години имавме многу победи и многу пријатни моменти кои ќе ми останат во сеќавање. Во овој момент би сакал да им се заблагодарам на мојот персонал, играчите и на крајот, но не и најмалку важно, на навивачите на ЦСКА кои секогаш не поддржуваа на секој натпревар. Искрено се надевам дека тренерската смена ќе ја даде потребната искра и со враќањето на Каспер Вер тимот ќе ја достигне целта и ќе ја освои шампионската титула, -истакна Рајковиќ кој ја извршуваше оваа функција од летото 2022 година.

Последниот меч на Емил на кормилото на ЦСКА беше оној против Уникс Казањ на кој експлодираше Ненад Димитријевиќ со 40 поени со 6 скока и 9 асистенции.

Шоуто на Македонецот: Како Димитријевиќ го наполни кошот на ЦСКА Москва (ВИДЕО)

Неговото место ќе го зазема грчкиот стратег Андреас Пистолис

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни