Поврзете се со нас

Свет

Шоуто на Македонецот: Како Димитријевиќ го наполни кошот на ЦСКА Москва (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ имаше уште еден спектакуларен натпревар во дресот на Уникс Казањ и тоа во дербито против ЦСКА Москва, натпревар кој им припадна на домаќините со 88:78.

Нашиот репрезентативец го одигра најдобриот меч во кариерата и постигна скоро половина од поените на својата екипа или поточно 40 поени. Нено погоди три од четирите пенали, шутираше осум од единаесет за два и погоди седум тројки од девет обиди.

Тој воедно собра и шест скока, испорача девет асистенции, украде две топки или севкупно имаше 52 индескни поени.

Ова е шоуто на Димитријевиќ против „армејците“ на Емил Рајковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни