Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите ги дознаа точните термини за квалификациските битки во Перм

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна точните термини за квалификациските битки на турнирот во Перм.

Како што е познато Русија е домаќин на февруарскиот „меур“ од квалификациите за ЕП, поточно градот Перм каде ќе одиграме четири натпревари. Првиот тест за избраниците на Тодоров е селекцијата на Италија со која ќе се сретнеме на 18 февруари од 15.30 часот во арената „Молот“.

Наредниот ден во истиот термин ќе се соочиме со домаќинот Русија, на 21 новата битка против Италијанците е закажана за 13 часот, додека пак против Естонија играме на 22. февруари со почеток од 15:00 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ПЕРМ

18.ФЕВРУАРИ

Италија – Македонија (15:30)

19.ФЕВРУАРИ

Македонија – Русија (15:30)

21. ФЕВРУАРИ

Македонија – Италија (13:00)

22. ФЕВРУАРИ

Естонија – Македонија (15:00 во Скопје)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни