Поврзете се со нас

Италија

Конте бара гаранции од управата на Интер за да остане во Милано

Објавено

на

Италијанскиот стратег Антонио Конте успеа со Интер да стане шампион на Серија А, поточно да го врати Скудетото на „Џузепе Меаца“ по пауза од единаесет години.

Овој резултат донесе радост и славје кај сите „нероаѕури“, меѓутоа Интер и понатаму има проблеми, отворени прашања кои во наредниот период ќе мора да ги реши. Потпретседателот Хавиер Занети отворо посочи дека Интер има финансиски проблеми, ситуација за која е свесен тренерот Антонио Конте кој допрва треба да однесе одлука за неговата иднина.

Конте има активен договор до 2022 година, меѓутоа останува отворено дали истиот ќе го испочитува поради ситуацијата во клубот. Според „Тутоспорт“ стратегот бара гаранции од управата од Сунинг дека се ќе биде во ред, поточно сака да биде на чисто со плановите да клубот.

Антонио има и висока плата во Милано што е уште плус фактот кој може да влијае за конечната одлука на некогашниот италијански селектор.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни